среда, 22 ноември 2017

ФОТО: Првата мисица градоначалник

misica2
 

Преубавата Каиан Лопез постави два рекорда: најмлад градоначалник на Гибралтар и прва мисица што станала градоначалник.

30-годишната Лопез беше Mис на светот во 2009 година. Таа воедно е третата дама од Гибралтар која стапила на функцијата градоначалник.

Британски „Телеграф“ пишува дека девојката изјавила дека територијата „секогаш ќе биде Британска“.

Локалните медиуми ја опишуваат Лопез како најубавата градоначалничка во светот.

– Како поранешен заменик градоначалник, видов колку е тешко и колкава посветеност е потребна за да се раководи. Сакам да им се заблагодарам на сите претходни градоначалници. Сите тие се вистинска инспирација –изјавила Лопез.

misica2

Главниот министер на Гибралтар, Фабијан Пикардо, за Лопез изјавил: „Ти беше Мис Гибралтар, па Мис на светот и сега си Мис градоначалник“.

facebook_link