Морбидно сведоштво: Џихадистите играа фудбал со отсечени глави на Србите

Францускиот филозоф Данијел Шифер сведочи дека во Босна и Херцеговина бил сведок на создавањето на Ал Каеда, на Исламска држава и на стравични злосторства врз Србите. Тоа го рече во Париз, каде ја претстави својата книга „Косовски тестамент“, објавена кон крајот на 2015 година.

Шифер вели дека таа книга е сведоштво во вид на дневник воден од 24 март до 10 јуни 1999 година, за време на НАТО агресијата врз Србија. Исто така, зборува и за своите искуства во БиХ.

-Џихадисти им ги сечеа главите на Срби и со нив играа фудбал. Сега тоа се случува овде – ­ рече Шифер.

Тој додаде дека дневникот, пропратен со фотографии, говори за убиствата на Србите и злосторствата на НАТО, и дека е објавен во име на историската вистина и протест против оние кои ја нападнаа Србија без мандат од ОН.