ВИДЕО: Фрлање бомби врз џихадистите на ИСИС

Ирачката војска го ослободи аеродтомот во Мосул, кој до вчера го држеа џихадистите на Исламска држава (ИСИС, Даеш).

На снимката се гледа како ирачките сили фрлаат бомби од воздух врз, како што се тврди, позициите на џихадистите во близина на аеродромот, пренесува Ал џезира Балкан.

На снимката се гледа селото Албу Саиф, одалечено само неколку километри од аеродромот, кој ирачката војска го ослободи на 21 февруари.

Уште од истиснувањето на милитантите на ИСИС од источен Мосул минатиот месец, ирачките безбедносни сили се обидуваат да ги освојат аеродромот и воената база во јужните делови на Мосул. Аеродромот е влез во западниот дел на Мосул, кој е последното големо упориште на ИСИС во Ирак.