“Џихадистите ќе бидат протерани од Блискиот исток, а ново седиште планираат да направат на Балканот”

Исламската држава е во сè подредена положба на Блискиот исток, благодарение на акциите на Русија и сириската војска во Сирија, како и ирачката војска и коалицијата на чело со САД во Ирак.

Доколку бидат протерани од таа територија, џихадистите ќе се преориентираат на Европа, каде многу лесно би можеле да направат нова база. Идеална локација за тоа е Босна и Херцеговина, смета експертот за анти-тероризам, Џевад Галијашевиќ.

“Босна и Херцеговина е идеална за последен центар на сунитските терористи. Тоа е земја во која исламистичката инфраструктура постои повеќе од три децении. Тоа што е најлошо, е дека не постои ниедна пречка тоа да се случи. Пропагандата на радикалните идеи и финансиската поддршка која екстремистите ја добиваат непречено продолжува. Се купува оружје, а некои од терористите дури имаат и сопствени банки”, изјавил Галијашевиќ за Sputnik International, а пренесува Daily mail.

Од друга страна, не треба да се заборави ни Косово. Со едностраното отцепување, српската покраина веќе долго време е легло за тероризам, и претставува еден од најпродуктивните полигони за екстремистите во овој дел на Европа.

Минатата седмица австриската антитерористичка единица уапсила имам по име Неџад Балкан, човек кој се смета за најопасен босански екстремист. Имал свои операции во Германија и Швајцарија, а неговото апсење, според мислењето на Галијашевиќ, претставува уште еден доказ дека од малите балкански држави доаѓаат опасни екстремисти.

Тоа што е уште полошо, е дека Австрија нема да седи со скрстени раце, и ќе ги затвори своите граници, со што ќе ги натера терористите да останат во Србија, бидејќи се претпоставува дека и Хрватска и Словенија ќе го направат истото.

“Виена е позната како седиште на џихадисти и исламски фундаменталисти, од кои многумина доаѓаат од Босна. Неџад Балкан е познат како експерт во интерпретацијата на исламски религиски текстови, посебно оние за пророкот Ибрахим. Го основа проектот “Ибрахим Милети”. Пред неколку години Германската полиција спровела голема акција за апсење на вехабии поврзани со тој проект. Тој е најрадикален исламист поврзан со БиХ и Виена” истакнува Галијашевиќ.

Неџад Балкан не бил активен само во Виена. Спроведува операции и во Линц, Клагенфурт, Грац.

Сакале да основаат Исламска држава во Австрија

Во акцијата на австриската полиција биле уапсени 14 лица. Постои сомнеж дека оваа акција е продолжение на разбивањето на мрежата која ја основал Мирсад Омеровиќ, познат како Ебу Тејма. Омеровиќ минатата година во Австрија бил осуден на 20 години затвор, бидејќи регрутирал млади луѓе за одење во Сирија. Омеровиќ е еден од учениците на Неџад Балкан.

“Меѓу уапсените има и пет државјани на БиХ и уште две лица на кои во БиХ им е поништен матичниот број, што значи дека најверојатно се откажале од државјанството”, рекол изворот на српски Blic.

Сите лица кои биле проверувани во БиХ се припадници на вехабиско движење и со нивната “работа” се запознаени безбедносните агенции во Босна. Безбедносните агенции од БиХ веќе долго време соработуваат со своите колеги од Австрија околу оваа акција.

Во текот на истрагата инспекторите дошле до информации дека уапсените членови на исламистичко-вехабиска мрежа планирале во Австрија да воспостават некој вид на исламска држава.

Австрискиот министер за внатрешни работи, Волфганг Соботка, по акцијата изјавил дека успеале да спречат кривични дела, како и понатамошна радикализација.

Радикалниот исламизам и вехабизам не смее да имаат место во Австрија. Ќе се бориме со сите средства против тоа. Во оваа акција беа претресени 16 станови и две исламски здруженија. Уапсени се 11 мажи и 3 жени, а тројца уапсени се вехабиски проповедници, рекол Соботка.

Поранешен кик-боксер

Неџад Балкан е поранешен кик-боксер од Тутин. Прилично е вклучен во формирање на радикални групации во Австрија и Германија, кои кренале околу 1.300 полицајци на нозе.

Тој е најрадикален имам од овие простори на подрачјето на Западна Европа. Станува збор за многу опасна личност со многу радикални следбеници. Стои зад интернет порталот Vijesti ummeta, кој шири пропаганда за ИСИС