ВИДЕО: Родено бебе со две глави

Раѓањето на машко бебе со две глави е официјално потврдено откако снимката од новороденчето се прошири по социјалните мрежи.

Снимката најверојатно ја поставиле роднини на детето, кои не можеле да поверуваат што гледаат, пишува Мирор.

На снимката се гледа тек родено бебе, со две глави, кое плаче.

Лекарите одбиле да даваат повеќе детали а породувањето, тие само потврдија дека мајката е во стабилна состојба, а бебето е задржано во болница на посматрање.

На снимката се гледа дека бебето има едно тело, но две глави, па станува збор за некаков вид на сијамски близнаци.

Детето е родено во болница во Мексико.

Соопштено е дека станува збор за машко бебе, но не се знае дали аномалијата била видлива и на прегледите на ултразвук и дали родителите биле запознаени со пореметувањето.