Судбината на Европа ќе ја одредуваат Путин, Трамп и човекот во црно

Американскиот новоизбран претседател Доналд Трамп, рускиот лидер Владимир Путин, и неименуваниот “човек во црно”, кој симболично ја претставува терористичката закана, најмногу ќе влијаат на Европа оваа година, предвидува порталот “Euroactive”.

Меѓу десетте лица кои силно ќе влијаат на европските случувања се вбројуваат и лидерот на полската владејачка партија, Јарослав Качињски, холандскиот политичар Герт Вилдерс, и лидерката на францускиот национален Фронт, Марин Ле Пен.

Качињски му се заканува на Брисел преку Уставниот суд и ги продлабочува поделбите помеѓу Истокот и Западот на Европа.
Вилдерс е лидер на Слободарската партија, која според анкетите би можела да стане најмоќна во холандскиот парламент, а води антиисламска и антимиграциска политика.

Вилдерс најверојатно нема да успее да формира влада, но неговата победа би можела да ги охрабри Французите и Германците да гласаат за крајната десница, наведуваат порталите.

Марин Ле Пен би можела да биде избрана за нов претседател на Франција на мајските избори, а таа најавува напуштање на Еврозоната, а потоа и целосно излегување од Унијата.
И турскиот лидер, Реџеп Тајип Ердоган, е меѓу оние кои ќе ја одредуваат судбината на Европа. Тој се заканува дека ќе го раскине договорот со ЕУ за задржување на мигрантите.

Меѓу најважните лица во 2017. година, Euroactive ја вбрoил и комесарката на ЕУ за пазарно работење, Маргарет Вестергер, поради нејзината борба против мултинационалните компании кои избегнуваат плаќање на даноци, и претседателот на Европската централна банка, Марио Драги.
На листата на оние кои најмногу ќе влијаат на Европа во 2017. година, е и неименуван “човек во црно”.

“Тој човек почна да ја мрази Европа во која живее. Исламската држава го предизвика неговиот бес и го поттикна да делува”, наведуваат порталите.