ФОТО: Oваа девојка си ја предвиде својата смрт во истанбулскиот масакр

Девојка која настрадала во прегратката на својот вереник Елијас Вардиниј, на својот Фејсбук профил непосредно пред патот во Турција, оставила порака:

devojka-2

„Се надевам дека ќе се забавуваме. Во најлошо можно сценарио, ќе загинам во експлозија и ќе и се придружам на мама“.

Несреќната девојка ја споменала мајка си која неодамна починала од рак.

Рита и нејзиниот вереник, и двајцата 26-годишници, биле студенти на Американскиот факултет за науки и технологија во Либан. Фотографиите кои ги објавиле на социјалните мрежи покажуваат дека неколку недели пред Истанбул ја посетиле Барселона и Атина.

Да потсетиме, Исламска држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во истанбулскиот клуб Реин, во кој загинаа 39 луѓе, а уште 70 се повредени.