За првпат во Македонија – Можност за студентска работа во Германија

Компанијата „Коузон“ во соработка со Државниот завод за вработување на Република Германија за првпат во Македонија ви нуди ексклузивна можност да бидете дел од интернационална работна пракса во Германски компании во летните месеци од 2017 година.( Ferienbeschäftigung 2017)

Од компанијата „Коузон“ наведуваат дека тие се единствена лиценцирана агенција во Македонија за спроведување на оваа програма. (Mazedonische Partnerstelle der Bundesagentur für Arbeit für mazedonische Studierende)

Пријавувањето за учество во програмата е бесплатно и ќе трае до 27 Јануари 2017, а можност да се пријават имаат сите редовни студенти од Универзитетите во Македонија, кои имаат познавање на Германскиот јазик.

Работните понуди се доделуваат директно од Германскиот Завод за вработување, а студентите ќе имаат можност да се вработуваат во најразлични скетори.

Сите кои се заинтересирани можат да испратат е-маил со CV на германски јазик на info@kouzon.com.mk или да посетат некои од канцелариите на компанијата.