ВИДЕО: Руски воен авион со 91 патник се урна во Црното Море

Авион од типот Ту-154 на руското Министерство за одбрана со 91 патници и членови на екипажот се урна денеска во водите во источниот дел на Црното Море, јави ТАСС.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека спасувачките служби утрово на шест километри од брегот крај рускиот град Сочи откриле тркало од урнатиот авион и поголема дамка од масло, кон каде се упатени повеќе бродови и чамци.

Во време на уривањето, во авион имало 83 патници и осум членови на екипажот. Меѓу паниците биле повеќе воени лица, новинари, како и челнови на ансамблот за народни песни и ора „Александров“.

Авионот полетал од Сочи кон сириската воена база „Хмејмим“ кај Латакија, каде се стационирани руските сили вклучени во операциите во Сирија.

Причините за уривањето на авионот засега не се познати. Според извори од аеродромот во Сочи, во време на исчезнувањето на авионот од радарите во реонот преовладувале „добри метеоролошки услови“.

Неименуван извор од Министерството за одбрана за руските медиуми изјавил дека најверојатна причина за уривањето на авионот е технички проблем или пилотска грешка.