Исламска држава запали живи турски воници

Терористичката организација Исламска држава (IS), објави вознемирувачка видео снимка на која се гледа како двајца турски војници се запалени живи во Алепо, пренесуваат светските медиуми.

Џихадистите на снимката наведуваат дека чинот е „освета за учеството на Турција во борбата против муслиманите. На видеото двајцата војници се во кафез, а потоа џихадистите ги врзуваат војниците како кучиња. Џихадистите ги обвинуваат турската влада и претседателот Реџеп Тајип Ердоган за „спалување на муслиманите“, по што и самите ги запалуваат војниците.

Како што пренесува Russia Today, снимката е со добра квалитет, снимена од неколку агли и висока резолуција, додека во позадина може да се слушне религиозна мелодија. Автентичноста на снимката не е потврдена, додава рускиот медиум. Сириските активисти наведуваат дека еден од војниците на снимката е најверојатно Сефтер Тас, турски војник киднапиран од страна на IS пред една година.

Снимката потсетува на трагичната смрт на јорданскиот пилот Муаз ал-Казабех во 2015 година. Јорданските претставници тогаш се обидоа да преговараат и за пилотот да разменат двајца терористи, но IS објави брутална снимка на која се гледа како Јорданец во кафез е запален жив. Турција официјално влезе во Сирија на 24 август, спроведувајќи ја акцијата „Штитот на Еуфрат“.