Џепни аларми за жените кои ќе ја слават Нова Година во центарот на Виена

Австриските власти соопштија дека полицијата ќе им дава џепни аларми на жените, кои ќе ја прослават новогодишната ноќ во центарот на Виена, како безбедносна мерка по минатогодишните напади во Германија.

Портпарол на германското Министерство за внатрешни работи изјави дека ќе ги изложи апаратчињата на влезните приоди кон центарот на градот, каде се одржуваат голем број музички и други настани кои се посетувани од илјадници луѓе.

Алармите, чија вредност изнесува 3,5 евра, ќе се даваат бесплатно и тие испуштаат силен звук при активирање, кој ќе го натера евентуалниот напаѓач да побегне.