ВИДЕО: За само еден ден убиени се или ранети 100 борци на Курдската работничка партија

Повеќе од 100 припадници на Курдската работничка партија (ПКК) се убиени или ранети за само еден ден соопшти турската војска.

Оваа бројка на убиени или ранети во еден ден е најголема во изминатите неколку години, јавија британските медиуми.

Војската соопшти дека во судирите „неутрализирала“ повеќе од 100 припадници на ПКК,  не прецизирајќи колку се убиени, а колку се повредени.

Повеќето се вратени во северен Ирак, каде ПКК во планинските области има кампови, наведуваат британските медиуми.

Претходно  беше јавено дека пет турски војници се убиени, а шест се ранети во судирите со припадниците на забранетата Курдска работничка партиае (ПКК).