Православните Сиријци и под истрели не ја запираат молитвата

Православните Христијани во сирискиот град Алепо, редовно ги посетуваат богослуженијата без оглед на гранатирањата од страна на терористите.

„За време на нападите терористите убија 50 парохјани од нашиот храм. Сите се плашат од смртта. Но ако верувате, Господ ќе помогне. Дојдете на богослужба во недела. Ќе видите дека храмот е преполн, иако надвор гранатираат“, раскажа настојателот на храмот „Св. Пророк Илија“ во Алепо, отец Муса ал-Хеси. 

Во локалната православна општина засолниште најдоа стотици жители. При споменатиот храм дејствува е хуманитарен центар во кој помагаат сите, без оглед на вероисповеданието. Тука, годишно 350 илјади луѓе бараат помош. 

На сиромашните им се даваат семејни пакети, кои се состојат од најнеопходните производи, средства за лична хигиена, лекови. Дневно вакви пакети се раздаваат и до 400. 

При црквата исто така функционира и болница чијшто небесен покровител е Св. Лука Кримски (Војнојасенецки). 

„Ние даваме бесплатни медицински услуги. Во овој момент кај нас има 28 лекари со различни специјалности. Дневно третираме и до стотина луѓе, а годишно 35 илјади. Соработуваме со разни медицински организации“, раскажа монахињата Естир. 

Од почетокот на војната, Православната Антиохиска Црква укажала помош на 3, 5 милиони луѓе. Храмот на Св. Пророк Илија во Алепо е најголемиот христијански центар. 

Извор: Православие.ру