ФОТО: Азилант расекол девојка во Виена

28-годишната Романка била брутално нападната и тешко повредена од 22-годишен азилант од Алжир, кога ја раскинала врската со него. По укажаната помош во Општата болница во Виена, девојката морала да плати 11.270 евра.

devojka2

22-годишниот Алжирец на својата поранешна девојка ѝ нанел длабоки посекотини на главата, вратот, рацете и стапалата. Ѝ ја отсекол и косата, а потоа ѝ ја пресекол и тетивата на раката.

Додека несреќната девојка лежела на подот, тој ја шутирал, нанесувајќи ѝ повреди на горната вилица. На крајот се обидел да ѝ го пресече и гркланот, но таа со последните атоми на силата успеала да се одбрани и да извлече жива глава.

devojka3

Новиот шок за очајната и тешко повредена девојка дошол по лечењето, кога од болницата добила сметка од 11.270 евра, бидејќи немала осигурување.

Нејзиниот случај го преземал адвокатот Андреас Стробл без надомест. Тој изјавил дека сметката е оправдана, но дека таа не треба да ја плати. Трошоците за лечењето треба да ги сноси обвинетиот Алжирец, но со оглед на тоа дека е азилант веројатно не располага со никакви средства, и нема да може да ги плати трошоците за лечење на жртвата, навел Стробл.

Девојката и нејзиниот адвокат во меѓувреме се обидуваат да ги соберат потребните средства, а останува прашањето кој ги плати трошоците за неопходното психијатриско лечење, на кое моментално е оваа несреќна Романка.