Јули требало да биде крвав: Путин и Ердоган спречиле нова војна на Балканот

Според српскиот весник близок до власта во Србија „Информер“ западните земји со помош на своите разузнавчки служби  и нивните испостави во регионот во оваа година поточно во јули биле подготвени за почеток на нова контролирана војна на Балканот, за што требала да се искористи Хрватска.

Крвопролевањето е избегнато откако претседателите на Турција и на Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин спречиле да се случи воениот удар во Анкара.

Разузнавачот Љубан Каран тврди дека сѐ било подготвено за нова балканска војна, но планот на Американците пропаднал по неуспешниот воен удар во Турција.