Гркот што одби да ја бомбардира Србија: Казнете ме, нема да ги убивам моите православни браќа

Потпоручникот на воената морнарица на Грција, Маринос Руцидис, како православен христијанин одбил да учествува во воен напад врз друг православен народ.

Воениот суд во Пиреја во 1999 година го осуди на 2 години затвор затоа што одбил да исплови на Јадранот на разорувачот „Темистокле“, кој како дел од силите на НАТО учествуваше во агресијата врз Србија.

Руцидис тогаш рекол дека како православен христијанин не може да учествува во нападите врз еден православен народ. Сепак, тој бил еден од малкуте грчки членови на морнарицата кои одбиле да учествуваат во нападите.