Ова се најбогатите држави во светот

Кои се најбогатите држави во светот? Новото истражување на „New World Wealth“ дава одговор на ова прашање, обезбедувајќи две листи – најбогатите земји според вкупното богатство на сите граѓани и земјите со највисока просечна вредност на богаството.

Погледнете ги резултатите: Населението на само три земји во светот имаат вкупно богатство од над 10 илјади милијарди долари. На чело е САД (48.9 илјади милијарди долари), а втори и трети се рангираат Кина и Јапонија. Агрегатното богатство на населението во двете азиски земји е 17,4 и 15,1 илјади милијарди долари.

Во рангирањето се наоѓаат уште Британија и Германија со односно 9.2 и 9.1 илјади милијарди долари, надминувајќи ги Франција и Индија. Топ 10 се дополнува со Канада, Австралија и Италија.

Најголем раст во последните 15 години се забележува во богатството на жителите на Кина, додека само во последните 12 месеци, Италија е поместена од Индија, Канада и Австралија од седмата позиција.

Каде сепак живеат најбогатите луѓе во светот?

Просечниот износ на богатството на населението на Монако е 1.556 милиони долари, додека во Лихтенштајн – 610 илјади долари. Третата позиција е за Швајцарија, каде што секој човек има 284 илјади долари, надминувајќи ги Австралија (203 илјади долари) и Норвешка (193 илјади долари). Останатите пет позиции во топ 10 се пополнети од Луксембург, Сингапур, САД, Велика Британија и Шведска.