ВИДЕО: Турската војска започна војна со Исламска држава

(150723) -- ANKARA, July 23, 2015 (Xinhua) -- Turkey's military vehicles are seen near Kilis, the Turkey and Syria border area on July 23, 2015. One Turkish soldier was killed and two others wounded in southern Turkey by gun fire from the Syrian side of the border on Thursday, the state-run Anadolu Agency reported.(Xinhua/Mert Macit)

Турската армија и силите на меѓународната коалиција утрово почнале операција за протерување на ИСИС од сирискиот локалитет Јарблос кој граничи со Турција, објави кабинетот на турскиот премиер.
Турските вооружени сили и воздухопловните сили на меѓународната коалиција почнаа воена операција за чистење на округот Јарблос во покраината Алео од терористичката организација ИСИС, пишува во соопштението.

Телевизијата НТВ објави снимки од мал број припадници на турските специјални сили кои влегле неколку километри на територијата на Сирија за да се осигура зоната пред можниот напад. Турските авиони Ф-16 го бомбардирале упориштето на џихадистите во Јарблос прв пат откако во 2015 година турски воен авион урна руски борбен авион над турско-сириската граница.

До границата се приближуваат и турски тенкови каде што заземаат позиции, а отворен е и топовски оган врз џихадистите, јавува Си-Ен-Ен Турк.

Јарблос е последната точка која ИСИС ја контролира на турско-сириската граница. Акцијата се случува на ден пред посетата на американскиот потпретседател Џо Бајден на Турција, каде треба да се сретне со премиерот Бинали Јилдерим, а потоа и со претседателот Реџеп Таир Ердоган.