ВИДЕО: Дете се обиде да изврши самоубиствен напад

Драматично видео го одбележа моментот во кој дете на околу 12-13 години, што е атенатор самоубиец на “Исламска држава” го соблекоа и појасот со експлозиви му е одземен секунди пред да експлодира.

Момчето, кое било облечено со дрес на фудбалскиот гигант Барселона, избувнува во солзи откако е задржанo од полицијата во ирачкиот град Киркук, северно од Багдад.

Се тврди дека момчето е сакал да се разнесе пред шиитска џамија.

Апсењето се случува помалку од 24 часа откако друго дете самоубиец се разнесе за време на свадба во турскиот град Газиентеп, убивајќи најмалку 51 лица и рани околу 100.

Претседателот на Турција Реџеп Ердоган соопшти вчера дека убиецот од Газиантеп бил дете на помеѓу 12 и 14 години.