Ротшилд: Го живееме најголемиот монетарен експеримент на банките

Светот веќе неколку години живее во финансиски експеримент кој го вршат централните банки – лудо се печатат рекордни парични средства, а каматите се спуштаат до историски минимум, напиша во своето писмо до клиентите лорд Џејкоб Ротшилд, раководител на фондот „РИТ капитал партнерс“.

„Шефовите на централните банки продолжуваат со најголемиот монетарен експеримент во историјата, а последиците од ултраниските камати не може да се предвидат”, вели Ротшилд.

Монетарното пумпање, според неговите зборови, со себе повлекува пораст на цената на акциите и државните обврзници. Во овој експеримент, непознат е реалниот сектор на економијата, иако шефовите на светските централни банки како главна цел ја наведуваат неговата обнова. Речиси сите видови инвестиции пораснале со монетарен прилив, додава Ротшилд.

Ротшилд во овие услови советува, пред сè, да се чува капиталот, а барањето можност за негово зголемување треба да биде во втор план.