Ќе се забранат ли солариумите?

Одделни земји дискутираат за тоа дали владите би требало да се вмешаат и да ги забранат солариумите или е тоа работа на личен избор, објавува „Кликс“.

Во Австралија и Бразил солариумите се веќе забранети, а неодамна и во САД се покрена расправа за регулација на овие деловни објекти.

Новата студија ги истражи ставовите на жените од 18 до 30 години кои посетуваат солариуми. иако мнозинството од нив не сакале да се забранат, студијата покажа дека корисниците би сакале да постојат ограничувања, како што се забрана за користење за лица под 18 години и јасни предупредувања за ризиците од користење солариум.

Целосна забрана поддржуваат само 10 отсто од испитаниците.