Турците предупредуваат – Ако одите во Шведска, ќе бидете силувани

На меѓународниот аеродром „Ататурк“ во Истанбул, поставен е билборд со кој се предупредуваат патниците да не одат во Шведска, затоа што таа скандинавска зема, како што пишува, има најголема стапка на силувања на светот.

Поставувањето на билбордот следува по заладувањето на односите меѓу Турција и Шведска откако официјален Стокхолм ги обвини турските власти дека со измени на законот, практично ги легализирале сексуалните односи со деца.

Турскиот врховен суд неодамна поништи одредба од закон според која секој сексуален однос со лице помладо од 15 години, се сметаше за кривично дело.

Сега во Турција практично е легално да се има секс со деца. Неодамна на аеродромот во Виена осамна натпис на кој пишуваше дека Турција дозволува секс со деца под 15 години.