Страшна исповед на Колумбијката која ги бранела другите жени- Ја силувале бидејќи се борела против силување

Една Колумбијка, која тврдела дека вооружените групи сексуално злоставуваат жени, била киднапирана од милитанти кои ѝ го направиле тоа против кое се борела. Марија е исцелителка во Центарот за жртви на конфликти во предградието на Богота и лечи луѓе со традиционална медицина. Но, поради судирите со левичарските герилци и војската кои траат половина век, доживеала страшна судбина, па прво останала без домот, а потоа била и силувана.

Таа ја водела групата “AfroMuzPaz”, и кампања против регрутирање на деца за војска и сексуално злоставување на жени од страна на паравоени групи.

Регионот Чоко, каде е таа живеела, долго била на мета на наркодилерите и крадците во рудниците за злато. “AfroMuzPaz” била една од ретките групи кои се бореле против тие луѓе кои често напаѓале и силувале жени во оваа област.

siluvanje-marija-kolumbija2

Меѓутоа, на половината на 2010. година во нејзиниот дом дошол наводен донатор на облека, кој ѝ понудил да тргне со него во комбето бидејќи има “многу за донирање”.

“Влегов во комбето не помислувајќи на ништо, а кога го прашав каде се наоѓаат работите кои сака да ги донира, ми стави пиштол на чело”, вели Марија.

Ја одвеле во џунгла и тогаш видела вооружена група на мажи, а еден војник ја извел нејзината 13-годишна ќерка од колибата во близина. Несреќната жена ја тепале пред детето, а вечерта ја врзале за дрво.

“Мислев дека ќе ме убијат, а потоа еден од нив ми кажа дека ќе ме казнат бидејќи сум зборувала за тоа што не смеам, и ми го покажа половиот орган. Почнав да врискам само да не ја допираат мојата ќерка”, вели Марија.

Оваа жена потоа пет дена силувале петмина, сè додека не се онесвестила, а се разбудила во болница во Кидбу.

Ја пронашле без свест покрај патот, кога нејзината најстара ќерка започнала потрага по неа.

Ќерката која била киднапирана била вратена во семејната куќа без повреди, но со големи психички трауми.

На Марија ѝ била потребна речиси половина година да заздрави и да продолжи со работата во својата група “AfroMuzPaz”, за едно утро да ја посети војник од паравоена група и да ѝ каже дека има два дена да се пресели.

Побегнала во Богота, каде ѝ помогнале локалните власти, а подоцна ѝ се приклучиле и нејзините деца.

Таа денес работи во Центарот за жртви од судири, а нејзината ќерка Камила, која по киднапирањето ја изгубила моќта на говорот, почнала да зборува, студира право и сака да стане политичар.