Албански терористи им се закануваат на Србите: На 21. август очекувајте бомба!

ОВК пратила нови закани до српскиот народ на Косово и Метохија. Овој пат тоа го направиле преку Фејсбук страната посветена на еден од основачите на ОВК, Мује Красниќи, убиен во 1998. година.

mujo2

Најпознатите косовски портали овие денови објавуваат фотографии преземени од Фејсбук страната “Мује Красниќи, легенда на албанскиот народ”, на кои се гледаат вооружени припадници на ОВК на некаква обука.

Страната е посветена на еден од основачите на оваа паравоена единица и објавува фотографии на кои се гледаат униформирани и вооружени луѓе на терен и на вежби, наводно од Косово.

mujo3

Некои од фотографиите од маскираните мажи наводно настанале неодамна, за време на обуката во селото Обриње.

Меѓу статусите во кои се возвишува албанскиот екстремизам и военото минато на ОВК, се истакнува и еден во кој се наведува дека на “21. август се очекува бомба, кога ќе бидат објавени имињата на војниците на 113. бригада на ОВК”.

mujo5

Во големиот број на постови се споменува и Дреница, како место во кое ќе започне нов удар и на кое ќе воскресне таканаречената Ослободителна војска на Косово.