Потребна е конзервирана и бебешка храна за настраданите во поплавите

Црвениот крст на Република Македонија соопшти дека во текот на изминатите пет дена до поплавените региони се дистрибуирани 11.081 пакети со храна.

Доставени се и 3.127 литри млеко, 3.930 литри јогурт, 1.039 пакети со хигиена, 82,5 тони вода, 350 пелени, 424 душеци, 1.240 кебиња, 598 кг облека, 226 парчиња чизми и 240 литри дезинтал.

Од Црвениот крст апелираат да се донираат конзервирана и бебешка храна, пелени, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици и батериски лампи.

Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток и во ОУ „Наум Наумовски Борче”- Скопје од 8 до 18 часот (телефон за контакт: 3 096 227).

Компаниите и граѓаните може да донираат и парични средства на жиро сметката на Фондот на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка. Досега на оваа сметка се собрани 16.956.072 денари.

На телефонските броеви 075/070/077 143 400 досега се собрани 9.348.000 денари.

Донациите на средства во странска валута може да се уплатуваат на:

NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228

Црвениот крст апелира во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа.

Во текот на изминатите пет дена од страна на екипите на Црвениот крст укажани се и 70 асистенции по прва помош и реализирани се четири медицински транспорти.

Во целата операција вклучени се 120 лица (волонтери и стручна служба на Црвениот крст), седум мобилни тимови за прва медицинска помош и активиран е целокупниот логистички потенцијал на Црвениот крст.