„Ако ИД биде поразена Европа ја чекаат страшни работи“

Западот мора да го прифати фактот дека ако џихадистичката група Исламска држава (ИД) почне да губи на Блискиот Исток, ќе се насочи кон напади врз цивили, изјави американскиот новинар Сејмур Херш во интервју за Чешката државна телевизија.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, Херш додаде дека најстрашното доаѓа како следна фаза. Тој оцени дека Европа треба да биде инспирирана од Британците, кои успеаја да се справат со нападите од страна на Ирската републиканска армија (ИРА).

Херш потенцира дека џихадистите се залагаат за воведување на Шеријатското право и доколку ја добијат контролата врз Сирија тоа за нив ќе има големо значење. – Во Сирија повеќе нема умерена опозиција, смета американскиот новинар.

Тој натаму семат дека Анкара игра двојна игра, предупреди на последиците од турско-руското пријателство. Херш потсетува дека Русија неколку пати поднела наводни докази кои се однесуваат на трговија со нафта меѓу Турција и радикалите од ИД.

Херш одбива да верува дека Западот ги поддржува пучистите во Турција.

– Турција е сојузник, член на НАТО, ги користиме нејзините воздухопловни бази. Јас не гледам причина за пуч, но никогаш не знаете што ЦИА може да направи, вели репортерот кој се бави со истражувачко новинарство во врска со причините за појавата на пуч во Турција.

Тој тврди дека обвинувањата оти за планирање на државниот удар е одговорен исламскиот проповрдник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД се невозможни и смета дека сето тоа е акција на Турската армија.