Куче херој: Спасило бебе кое престанало да дише (ВИДЕО)

Пред 6 години семејството Бросеу го вдомило кучето Дјук. Биле доста радосни поради новиот член на семејството.

Не ни претпоставувале дека Дјук ќе им врати за поклонетото внимание и љубовта.

Во една прилика, Дјук почнал чудно да се однесува. Сред ноќ скокал во креветот на своите газди и се тресел толку јако што успеал да ги разбуди на крај.

„Дјук е иначе многу мирен. Ни беше чудно неговото однесува“, опишува Јена Бросеау. Веднаш знаевме дека нешто не е во ред. Го прателе кучето до собата на нивната ќерка стара 9 недели.

Тоа што го виделе таму ги шокирало. Нивната ќерка лежела во креветот и престанала да дише во текот на спиењето.

Загрижените родители викнале Брза помош. Тие брзо дошле и успеале да го вратат бебето во живот и веднаш го однеле во болница.

За среќа, Харпер преживеала.

„Да не реагираше веднаш Дјук и да не беше уплашен, ние ќе продолжевме да спиеме. Тој е совршено куче. Пратен е од господ“, вели Јена.