Ќе биде потоп во Србија за време на викендот

Републичкиот хидрометеоролошки завод најави денеска дека во сабота на 6 август попладне, навечер и во текот на ноќта кон неделата, во Србија се очекуваат обилни врнежи, од 30 мм за 12 часа, локално и повеќе.

Како што се наведува во соопштението, дождовите во сабота ќе бидат воглавно во западните, централните и јужните краеви во Србија, а можни се краткотрајни временски непогоди со град и бурни ветришта.