Јапонци пеат македонска народна песна (ВИДЕО)

Браво за храброста и огромно браво за успешно совладаниот македонски јазик! Секоја чест за овие луѓе кои наежија многу битолчани и останати гости кои беа дел од фестивалот „Илинденски денови“ во Битола.

Имаме богат македонски фолклор, музика за душа, а кога ќе чуете некоја стара македонска песна во изведба на странец сигурно ви доаѓа убаво на душата.

Овој пат група од Јапонци ја пеат песната „Бело лице љубам јас“ во рамките на трета фестивалска вечер на „Илинденските денови“ во Битола. Нивната изведба е толку оригинална, така што успеаа набрзо да допрат до многумина.

Уживајте во прекрасната изведба: