ВИДЕО: ИД ѝ се заканува на Русија – Слушни Путине, ќе дојдеме во Русија и ќе ве убиеме во вашите домови

Исламска држава ги повика вчера во објавената видео снимка, своите борци на џихад против Русија. 

– Слушни Путине, ќе дојдеме во Русија и ќе ве убиеме во вашите домови. Браќа тргнете во џихад, борете се против нив и убијте ги, се наведува во снимката, објавена на Јутјуб.

На снимката се гледа како мажи тренираат во некоја пустина. Засега не е можно да се потврди веродостојноста на снимката од независни извори.