Алармантно: Сидата рапидно се шири во Македонија

Мажите почесто заболуваат од ХИВ и СИДА во Македонија. Првите 6 месеци годинава во земјата дури 20 лица се заразиле од кои дури 19 од нив се од машки пол.  Според половата разлика каде во светот таа е 50 -50, во Македонија е евидентно дека има разлика, алармираат епидемиолозите. Дека инфекцијата рапидно расте во земјата  покажуваат и податоците од 2015 кога имало 32 случаи во споредба со 20 за само половина година.  Од извештаите на  Институтот за јавно здравје,  петмина од регистрираните во 2016 веќе заболеле а кај 15 е евидентирана ХИВ инфекција. Најголем број заразата ја добиле по хомосексуален пат.

Повеќе на СИТЕЛ