Крај на ерата на ракот – се ближи крајот на оваа болест?

Смртоносната болест, конечно, ќе биде победена. Чекор кон ова револуционерно откритие на полето на медицината е веќе направен, откако тимот од истражители извршил тестирања на тројца пациенти, кои боледуваат од меланом, најсмртоносниот облик на канцер.

Во секој случај е забележан силен одговор на имуниот систем против канцер, иако истражувањата се уште се во рана фаза.

Овој пристап вклучува генетски инструкции со специфични протеини на канцер, со кое се стимулира имуниот систем на пациентот.

Германските научници вклучени во истражувањето веруваат дека вакцината ќе може да се користи против сите видови канцер, дури и против новите верзии на веќе познати болести што еволуирале.

Според тимот на научници, за да ги победиме туморите, а со тоа и сите видови канцер, неопходно е да го измамиме имуниот систем и да го убедиме дека е во прашање некој вирус.