(Видео+Фото 18+)Германија во шок: Со секира и нож нападнал патници во возот, и викал “Алах акбар”!

Во меѓувреме и терористичката организација информира дека станува збор за нивен борец, според  новинската агенција Амак што се поврзува со ИД. Полицијата пронашла рачно насликано знаме на ИД во купето каде Авганистанецот ги нападнал патниците пред да биде застрелан од полицијата, информира министерот за внатрешни работи на Баварија.

prva pomoss

Според него се уште е рано да се шпекулира за мотивите на нападот, и нагласи дека полицијата се обидува да открие дали момчето било поврзано со ИД, или станува збор за саморадикализиран осаменик што дејствува сам.

Според информациите, момчето пред да го изврши нападот извикувало „Алах Акбар“ (Господ е Голем).

Се смета дека момчето е17-годишен  бегалец во Авганистан кој пристигнал во Германија без придружба пред две години. Две недели пред нападот тој живеел со згрижувачко семејство.

Во нападот 5 лица се повредени, а 14 други се во шок од настаните. Според изјавата на министерот, две лица се во критична состојба.

Четворица од повредените се членови на кинеско семејство од Хонг Конг. Ова било потврдено од страна на гувернерот на Хонг Конг Линг Чун Јинг. Тој го осуди нападот и упати сочувство до семејствата на жртвите.