Маж нападнал со нож жена и нејзините три ќерки поради нивната облека

Властите во јужниот дел на Франција уапсија маж, кој утрово нападнал со нож жена и нејзините три ќерки, бидејќи не му се допаѓало како биле облечени.

Заменик градоначалникот на Ларан-Монтгелн во областа От-Алп изјави дека мајката и трите ќерки на возраст од осум, 12 и 14 години одмарале во летувалиштето, кога мажот, кој не бил во крвно сродство со нив, ги нападнал.

Напаѓачот бил муслиман со потекло од Мароко, соопшти полицијата. Тој бил лут бидејќи тие биле облечени во шорцови и патики.

Здравствената состојба на жената и девојчињата засега не е позната.