Мастите ги хранат клетките на ракот

Научниците досега уверуваа дека шеќерите се материја која ги храни клетките на ракот, опасен облик на тумор на мозокот, но новите откритија го демантираат тој факт и сметаат дека мастите се главен извор на енергија за клетките на ракот.

Неодамна е откриено дека биле на погрешен траг и дека на клетките на ракот за растење им се потребни масти, а не шеќери.

Глиомите, како што се астроцитом и епендимом спаѓаат меѓу најтешките видови рак за лечење, а смртноста е огромна, дури 60 отсто од болните ја губат битката со болеста во период од една година.

Откритието доведе до целосно нов пристап во лечењето на оваа болест што би можело да придонесе и во создавање лекови кои би можеле значајно да го продолжат животот на пациентите.

Докторката Елизабет Стол, лидер на истражувањето, изјавила дека повеќето клетки во мозокот користат шеќери како извор на енергија и дека поради тоа се сметало дека клетките на рак во мозокот функционираат на ист начин.

Експериментите вршени на глувци со тумори на мозокот кои се третирани со лекот етомоксир, креиран да ги спречи клетките да апсорбираат масти, докажале дека растот на ракот бил успорен.

-Шеесет години верувавме дека извор на енергија на сите тумори се шеѓерите, но се покажа, барем што се однесува до туморот на мозок, дека згрешивме. Можно е различни видови тумори да користат различни извори на енергија на ист начин како што тоа го прават различни делови од телото, вели докторката Стол за „Индипендент“.