ВИДЕО+ФОТО – Вознемирувачка содржина од екстремните скокови на “Meрмерното езеро”

Meрмерното езеро  во селото Беловодица во Прилеп, привлекува и по неколку стотици посетители во текот на денот. Особено за викендите, тука е преполно. Прилепчани својот излез од топлотната жега го пронајдоа над малото заборавено селце Беловодица, во езерцето кое настана на местото на некогашниот рудник за мермер, пренесува порталот МАРКУКУЛЕ.МК.

13633473_10208515273310812_1510375016_o

Прилепското “Памук Кале” како што популарно се нарекува месетото, го привлече вниманието и на неколку нуркачи, кои во текот на вчерашниот ден констатираа дека длабочината на езерото е 15 метри.

13621371_10208515273270811_687433699_o

Освен оние кои доаѓаат и ја почитуваат природата, сакајќи ова место да остане чисто, достапно и да не се предизвика проблем, поради кој ќе биде забрането, има и такви кои доаѓаат и ја предизвикуваат природата, правејќи различни егзибиции на мермерните етажи.

Video Player

Поранешните вработени во рудникот за мермер Беловодица предупредуваат, дека не е познато колкава е стабилноста на огромните мермерни блокови кои се издигаат над езерото, па реагираат по социјалните мрежи на ваквото однесување на поединци.

13616305_10208515273230810_1934034940_o

Ние исто така ќе апелираме посетителите да внимаваат, да ја зачуваат оваа недопрена и кристално чиста природна околина, да не фрлаат отпадоци и да се однесуваат покорно кон природата, затоа што таа може да биде добар слуга, но и строг господар.

13639388_10208515273190809_1429652171_o

Ваквите слики на теренски возила кои кои висат по мермерните блокови и адреналисти кои скокаат од истите, го загрозуваат престојот на сите други кои се разладуваат во тиркизната вода на езецето.

ИЗВОР: MARKUKULE.MK