петок, 25 мај 2018

Оваа течност како ништо друго го штити организмот од болести

 

Козјата сурутка е зелено-жолта течност, што претставува нуспроизвод во производството на сирење. Овој древен лек го препорачувал и самиот Хипократ. Иако може да се прави од сите видови млеко, научно е докажано дека сурутката добиена од козјо млеко се издвојува од другите. Како една од причините се наведува тоа што козите се активни животни, повеќе се движат и пасат разновидна храна. Козјата сурутка, поради своите хранливи вредности, се вбројува во т.н. суперхрана.

Козјата сурутка содржи живи бактериски култури многу слични на оние што можеме да ги најдеме во обичниот јогурт и е вистински еликсир за нашите црева. Се смета за многу здрава бидејќи содржи минерали, како калиум, фосфор, натриум, бакар, цинк, магнезиум, кобалт, манган и молибден и има повисока концентрација на млечни киселини и ензими.

Млечната киселина успева да одржува ниска pH-вредност во нашите црева и ефикасно ги елиминира сите штетни бактерии и габи, а ниската pH-вредност ја стимулира перисталтиката на цревата, која овозможува балансирана и нормална работа на цревата.

Како и киселото млеко и јогуртот, и козјата сурутка треба да се зема редовно, особено при често дуење на стомакот, нередовна столица, дивертикулоза, колитис и хронично воспаление на цревата. Протеините од козјата сурутка може да помогнат во губење на тежината предизвикувајќи чувство на исполнетост бидејќи влијаат на зголемување на нивото на хормони што го намалуваат апетитот.

Протеините од сурутката се исти како оние во мајчиното млеко, а меѓу нив најзастапен е алфа-лакталбумин. Тоа е бесценета белковина, која е природен извор на елементарни аминокиселини, таа го врзува калциумот и ги зајакнува коските и забите, го подобрува расположението и помага при депресивни состојби. Освен алфа-лакталбумин, козјата сурутка содржи имуноглобулини (околу 10 отсто), како и лактоферин (околу 2 отсто протеини), кои играат многу важна улога во спречувањето разни воспаленија.

Патогените бактерии и габи користат железо за да се шират и растат, а бидејќи лактоферинот го врзува железото, успешно го спречува растот на штетните бактерии. Lactoperoxidase исто така е еден протеин што го има во сурутката, кој како и лактоферинот го спречува растот и ширењето на бактериите. Тој е важен за зајакнување на имунолошкиот систем и н` заштитува од воспаленија.

Сурутката исклучително здрава ја прават протеините, кои играат голема улога во зајакнување на имунолошкиот систем така што оваа суперхрана е неопходна за луѓето со слаб апетит, особено се препорачува по долго боледување или за стари лица, кои редовно треба да ја земаат.

Освен што го зајакнува имунолошкиот систем и спречува многу болести, таа е една од главните состојки во исхраната на спортистите, а се користи во производството на храна за бебиња, како и во исхраната на бремените жени од проста причина што кај нив за една третина е зголемена потребата за протеини.

Козјата сурутка се препорачува на сите оние што се под стрес поради тоа што содржи аминокиселина која произведува серотонин – хормон на среќата. Таа ги олеснува заморот и грчевите во мускулите. Уште една голема корист на протеините од сурутката е што спречува остеопороза (слабеење на коскената маса), што е карактеристично за постарите луѓе.

Истражување од Бостон покажало дека недоволното внесување протеини во подоцнежните години доведува до значително намалување на густината на коските, особено на бедрената коска и ‘рбетот, а сурутката во прав може ова да го надополни, дури и кај лицата што се алергични на лактоза (млечен шеќер).

ГО ЛЕКУВА ЦРНИОТ ДРОБ

Можеби најважната карактеристика на козјата сурутка како лек е тоа што успешно го регенерира црниот дроб, најголемата жлезда во телото и единствен внатрешен орган што има моќ за регенерација. Болестите на црниот дроб се процентуално меѓу најчестите причини за смрт, па затоа е важно да се грижиме што подобро за него.Црниот дроб врши многубројни и многу сложени и истовремено многу важни функции во нашето тело. Неговата улога е од суштинско значење за преработка на храната и е неизбежен во детоксикација на телото. Синтетичките лекови што ги купуваме во аптеките го оптоваруваат телото бидејќи тие содржат страни и неприродни материи.Токму поради тоа, сурутката во прав или во течна форма се препорачува во случај на долготрајна терапија со комерцијални лекови. Тогаш на долг рок секојдневно се пие од половина литар до еден литар дневно, а во исто време се избегнува мрсна храна, алкохолни и газирани пијалаци, цигари и други супстанции кои докажано го оштетуваат нашиот црн дроб.За да се постигне што побрзо и подобро излекување, пожелно е во исто време редовно да се јаде младо сирење, најдобро за појадок, на празен стомак.

Козјата сурутка ги чисти крвните садови од холестерол, ги отстранува наталожените наслојки на забите, спречува крвавење на непцата и кариес, го регенерира и го штити црниот дроб. Покрај сето ова, протеините од сурутката се обработуваат директно во нашите мускули овозможувајќи многу брзо закрепнување на мускулите веднаш по тренингот.

Сите други протеини ги преработува нашиот црн дроб. Во сурутката ги пронаоѓаме сите потребни есенцијални аминокиселини, таа е извонреден природен антисептик бидејќи успешно лекува болки во грлото и во дишните патишта.

Основен рецепт: Се вари еден литар млеко во кое ќе додадете сок од еден лимон додека млекото е с` уште жешко (врие). Оставете го ова да стои. Кога ќе забележите дека се одвојува зелена бистра течност, која ја нарекуваме сурутка, соберете ја и пресипете ја во посебно шише. Потоа ставете ја напивката во фрижидер. Сето она што ќе остане во тенџерето е квалитетно домашно сирење, кое исто така треба да се искористи.

10 литри млеко се добива во просек 1 кг сирење и 9 литри сурутка. Иако таа е стара колку и сирењето, оваа скапоцена течност најпрво се фрлала, а потоа се користела како добиточна храна. Таа почнала да се применува во човечката исхрана кога се открило дека е исклучителен извор на квалитетни протеини. Во почетокот се добивало сурутка со 10 до 15 отсто протеини, а денес ја имаме и со 90 до 94 отсто протеин. Затоа овој нуспроизвод во производството на сирење, кој млекарниците во минатото го фрлале, денес е најценет продукт во дијатотерапијата.

Ја препорачуваат и диетичарите и лекарите затоа што има многу придобивки за здравјето на луѓето, а исто така се знае дека сурутката за слабеење постигнува извонредни резултати бидејќи во литар сурутка има речиси двојно помалку калории отколку што има во истото количество млеко. Секако, ако вашиот приоритет е намалување на прекумерната тежина, не е доволно само да пиете сурутка, туку да се посветите и на секојдневни физички активности.

Ставете мала или голема лажица сурутка во чаша вода и пијте ја непосредно пред оброкот бидејќи на тој начин ќе го регулира лачењето на желудочната киселина и ќе му помогне на дебелото црево.

Терапијата со сурутка е позната по лекување цревни тегоби, како што се нередовна столица, потоа при разни хормонални нарушувања, дебелина, нарушена циркулација, при затнати артерии и слично. Може да се најде во течна форма или како сурутка во прав.

facebook_link