Опасниот вирус Зика се шири во Европа

Прв случај на заразен со вирусот Зика е регистриран во Данска. Станува збор за дански државјанин кој патувал во Јужна и Централна Америка, а инфекцијата со Зика е потврдена со лабораториска анализа.

До сега овој вирус се појавил во 23 земји, а здравствените власти во одредени држави ги советуваат жените да го одложат забременувањето, бидејќи иако Зика дава полесни симптоми кај трудницата, може да предизвика тешки оштетувања на мозокот кај плодот.