Куклите „Ангелчиња“ станаа средство за шверц на дрога и артефакти

По појавата на нови кукли, со големина од триесетина сантиметри, што странските туристи во Тајланд почнаа масовно да ги купуваат од почетокот на годинава, шефот на тајландската полиција, генерал Чактип Каиџинда им нареди на пограничните службеници да бидат особено внимателни со лицата што ги пренесуваат куклите наречени „Ангелчиња“.

Предупредувањето дека тие кукли се мошне погодни за шверцување на дрога или криење на илегално купени артифакти се покажа точно, само еден ден по објавувањето.

Во просториите на аеродромот во Бангкок полицајците забележале багаж во кој имало и кукла „Ангелче“, а покрај багажот немало никој. Сомнителниот багаж бил проверен, а во куклата се пронајдени 200 таблети метаамфетамин.

Никој не се пријавил како сопственик на багажот, а полицијата се надева дека ќе го открие сторителот, кој прв се осмелил да ги користи куклите за шверц, со помош на надзорните видео камери.