Што содржат „3 во 1“ инстант кафињата?

Сите знаеме дека прекумерното конзумирање на кафе може да предизвика симптоми на психофизичка зависност и несакани ефекти врз здравјето.

Но, обичното турско кафе има низа предности. Тоа е богато со минерали, со манган и магнезиум, Б3 витамин и има силни антиоксидативни својства па придонесува за здравјето на мозочните ќелии, штити од атеросклероа и од неколку вида карцином.

При изборот на кафе треба да се земе во предвид дека главната состојка на овие пијалаци е шеќерот, кој во комбинација со растителните масти, глукозниот сируп, аромата и останатите додатоци дава привлечен вкус.

Хидрогенизираната растителна маст може да биде извор на штетните трансмасни киселни, а полифосфатите кои се регулатори на киселоста имаат лошо влијание на здравјето на коските.

Кофеинот, алкалоидот што предизвикува будност во инстант кафето е во поголема концентрација, отколку во обичното кафе. Не е препорачливо дневната доза на кофеин да преминува 300 милиграми, а во еден филџан инстант кафе има речиси 100 милиграми.

Исто така инстант кафето може да предизвика и прекумерно лачење киселини.