Десет јадења кои никогаш повеќе не треба да ги јадете

Знаеме дека тешката и брза храна е за никаде, но некои јадења може сериозно да ви го зезнат здравјето. Не значи дека ќе се разболете, ќе добиете рак или ќе умрете ако ги јадете еднаш, но треба да ги избегнувате колку што е можно повеќе доколку имате избор. Најлошите виновници се адитивите во обработената храна, а дури ни научниците целосно не знаат какви би можеле да бидат последиците од нивното јадење на подолг рок. Имајќи го ова на ум, најдобро да се држите на страна од храната која ги плаши нутриционистите, како на пример:

cheeseburger

1. Американско сирење

„Реалноста е дека Американското сирење во последно време воопшто не е сирење”, вели Бет Ворен, нутриционист од Њујорк и автор на книгата Living a Real Life With Real Food. Зависно од производителот и брендот, ова јадење е креација од храна која наликува на сирење, создадена од млечни масти, цврсти материи, протеини од сурутка, емулгатори и прехранбени бои. Содржи многу натриум, а има толку многу масти што едно парченце е поблиску до високомасно месо отколку било кој млечен производ.

Парче американско сирење е компонента на традиционалниот американски чизбургер

2. Преработено месо со нитрати или нитрити

Преработеното месо како шунка, салами, виршли, сланина и други сувомеснати производи не само што содржи нездрави масти, туку има и до 400 проценти повеќе натриум и 50 проценти повеќе конзерванси од непреработеното црвено месо.
Најлошиот дел: некои месни преработки содржат нитрати и нитрити, хемиски адитиви кои се поврзуваат со појавата на разни видови рак, а сепак се употребуваат за да ги засилат вкусот, бојата и да спречат расипување. Овие состојки задолжително мора да бидат наведени во составот, па погледнете дали ги содржат.

3. Маргарин

Бидејќи маргаринот се прави од растителни масла и содржи помалку холестерол и заситени масти од путерот, долго време се сметал како поздрава опција. Но, сега експертите велат дека холестеролот од млечно потекло не е толку штетен како што мислеле порано, а маргаринот кој содржи трансмасти, не е толку безопасен. Трансмастите, како заситените масти, го зголемуваат нивото на холестеролот во крвта и ризикот од срцеви заболувања. Маргаринот во пластични пакувања содржи помалку трансмасти од маргаринот во коцки – колку полесно се размачкува, толку подбро за вас, но сепак путерот е подобар избор.

4. Колачиња без шеќер

Слатките кои наменски се рекламираат дека не содржат шеќер по обичај содржат вештачки засладувачи. Исто така, дигестивниот систем не се справува баш добро кога треба да ги разложи супститутите за шеќерот, па кога ќе претерате (а границата е различна за сите) би можеле да се соочите со сериозни стомачни болки.

5. Конценционално одгледани јаболка
Иако неодамнешна студија вели дека конвенционално произведените јаболка не се нутриционистички инфериорни во споредба со јаболката одгледани на органски фарми, нема сомнение дека пестицидите кои се употребуваат во конвенционалното производство може да го оштетат мозокот и нервниот систем, да предизвикаат канцерогени заболувања, да предизвикаат хормонски нарушувања, иритација на белите дробови, кожата, очите… А пестицидите во некои овошја и зеленчуци остануваат дури и откако ќе ги измиете и излупите.

А ова е случај кај 99% од јаболките, кои и покрај миењето и лупењето задржуваат барем еден вид на пестицид.

6. Конвенционално одгледани пилиња и 7. Јајца

На неорганските фарми се случуваат луди срања, а храната за пилињата може дасодржи остатоци од кофеин, тиленол, бенадрил, забранети антибиотици и арсен. Наводно, производителите сега се поместуваат кон побезбедно и поприродно производство, но до тогаш – најбезбеден пријател ни се органски одгледаните пилиња и јајца.

8. Пуканки од микробранова

Кесичките за пуканки често содржат хемикалија наречена перфлуороктанска сулфонска киселина (PFOS) која влијае на плодноста, ризикот од канцер, работата на бубрезите. Иако кесичките не се декларирани како „токсични”, најдобро е да ги избегнувате. Уште една работа: некои брендови на пуканки за микробранова додаваат нездрави трансмасти во нивните производи или наведуваат „вештачки ароми” или „природни ароми” на декларацијата – па не постои начин да знаете точно што има внатре. Во најлош случај, може да содржат диацетил за арома, кој може да предизвикареспираторни отшетувања ако се вдиши.

9. Пченкарни тортиљи и 10. Мафини направени со пропилпарабен

Оваа заедничка козметичка состојка се употребува како конзерванс за пченкарни тортиљи и мафини (едноставно ѕирнете ја декларацијата на производот: ако ја содржи хемикалијата, ќе биде наведена како состојка). Бидејќи хемикалијата се однесува како естроген, може да ви ја зезне плодноста или да го зголеми ризикот од некои видови рак.