ВИДЕО: Мигранти со нож нападнаа новинари во кампот кај Кале

Тројца мажи го нападнаа Туен Воетен и го туркаат кон шаторот додека се обидувале да го ограбат.

napadnati-novinari-kale

Еден маскиран напаѓач се врти и се заканува со нож на колегата Мааике Енгелс кој успеал да го сними застрашувачкиот напад.

Холандските новинари се спасени откако другите мигранти почнале да фрлаат камења врз напаѓачите по што истите побегнале.

Новинарите ја објавија оваа вознемирувачка видео снимка на Фејсбук. Инаку двајцата новинари снимале документарен филм со наслов „Добредојдовте во џунглата“ во саботата додека француските власти се подготвуваа да испратат булдожери за да срушат дел од кампот.

Воетен подоцна на Фејсбук напиша:

За малку ќе бев ограбен во бегалскиот камп во Кале од страна на мигрантите додека снимав со Мааике Енгелс за нашиот документарец. Другите мигранти дојдоа да ни помогнат.