Видео: Индиец со голи раце „истиснал“ две јариња од стомакот на питон

Еден земјоделец од јужниот дел на индиската сојузна држава Керала успеал со голи раце да истисне две јариња од стомакот на една змија-питон. 

змија

Како што јави британскиот весник „Дејли Мејл“, храбриот Индиец успеал да го спаси само едното јаре, додека другото веќе било задушено кога го истиснал од опасната ѕверка.

Јарињата се еден од главните извори на приходи на жителите во јужниот дел на Керала, па тие не се откажуваат така лесно од овие животни, што може да се види и од снимката за храбриот подвиг на индискиот змјооделец која е објавена на социјалните мрежи.