ВИДЕО:На месечината има вонземјани, НАСА тоа го крие

Поранешна вработена во Националната воздухопловна и вселенска администрација, тврди дека на Месечината се пронајдени вонземјани и летачки објекти, но сето тоа се крие од јавноста.

Дона Харе која работела како илустратор и техничар за фото слајдови, тврди дека НАСА ги бриши доказите од НЛО.

-Влегов во зона во која пристапот е строго регулиран и ограничен и во фото-лабараторијата видов развивање на филм со фотографии направени на Месечината. Еден од вработените ми потенцираше одреден дел од сликите на кои видов округла бела точка која остава сенка на земјата. Знаев дека се обидува да ми укаже на НЛО, но не смеевме за тоа да зборуваме никаде. Вработениот во таа прилика ми кажа дека фотографиите секогаш се обработуваат пред да се објават, што значи дека се отстранува доказот за постоење на НЛО. Така сфатив дека они имаат протокол во кој се отстрануваат доказите за НЛО. Многу луѓе ми зборувале за вонземјани, а потоа ми велеа да молчам- тврди Дона.

Таа додава и дека агенцијата им се заканила на вработените со одземање на пензија ако откријат што виделе на фотографиите.

На овие обвинувања НАСА не реагираше.

 

Спонзориран линк: