Човекот во иднина би можел да стане хиперинтелигентен

Научниците откриле две мрежи од гени кои одредуваат дали некој е интелигентен или просечно паметен. Гените кои одредуваат каква интелигенција ќе има човекот би можеле да се манипулираат во иднина за луѓето да станат хиперинтелигентни. 

mozok

Научниците сметаат дека интелигенцијата е наследна и дека 75% од коефициентот на интелигенција зависи токму од гените, додека остатокот е под влијание на околината, образованието и луѓето околу нас. Но, дури сега научниците ги откриле гените кои се одговорни за интелигенцијата.

Имено, научниците од Империскиот колеџ во Лондон откриле две мрежи од гени кај луѓето кои биле пресудни за способноста за брзо судење и оптимална работа на мозокот. Мутациите на овие гени може да предизвикаат сериозни когнитивни оштетувања.

Згора на тоа, научниците сметаат дека постои нешто што ги контролира мрежите и кога тоа би се открило би можело да биде манипулирано за да се создаде повисока интелигенција.

„Знаевме дека генетиката има голема улога во интелигенцијата, но досега не знаевме кои гени се одговорни за тоа. Сега знаеме кои се и дека се поврзани, што теоретски значи можност дека еден ден ќе ги менуваме тие гени, односно ќе ја модифицираме интелигенцијата“, изјавил Мајкл Џонсон, еден од авторите на истражувањето.